Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Алфа ја стартува новата сезона со политичкото ток шоу „Колегиум“

Алфа ја стартува новата сезона со политичкото ток шоу „Колегиум“

Првиот новитет кој телевизија Алфа го најавува за претстојната 2026/2027 ТВ сезона е новото дебатно ток шоу “Колегиум”. Оваа емисија ќе се емитува од понеделник до петок во 18.10 часот, веднаш по централните вести, заменувајќи ги досегашните класични политичко-дебатни емисии на Алфа.

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми. Десетина колеги со отворен ум ќе размислуваат за денешницата, за перспективите кои ни претстојат, ќе набљудуваат, ќе анализираат, ќе дебатираат за актуелните политичко општествени случувања и ќе заклучуваат.

Аналитичарот Сотир Костов ќе биде постојан домаќин на емисијата, а покрај него, секоја емисија ќе има и по еден гостин и двајца новинари од Алфа.

Па така, друштво на Костов ќе му прават познатите ТВ лица на Алфа и тоа Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска, Паула Костадиноска Костиќ, Љупчо Цветановски, Искра Коровешовска, Елена Марковска, Драган Милосавјевиќ и Бојана Димитријевска Марковска.

Покрај познатите експерти и имиња кои се појавуваат во медиумскиот простор со години, Алфа најавува проширување на спектарот на лица кои ќе се појавуваат на малите екрани, најавувајќи нов шмек и поголема креатива на досегашните политички емисии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како секоја година, утринската емисија на Телма на летна пауза

Утринската програма на Телма како секоја година, така и оваа, ќе направи пауза за време …

error: Содржината е заштитена!