Почетна / Сапуници / Шпанската мини серија „Алба” овој август репризно на Телма

Шпанската мини серија „Алба” овој август репризно на Телма

Младата Алба, студентка со иднина пред себе, се враќа во својот роден град за време на летниот одмор, со мислата дека ќе помине неколку безгрижни денови со своето момче Бруно.

Но, ноќта на нивното пристигнување се претвора во кошмар – Алба се буди на плажата, претепана и без сеќавање, забрзо дознавајќи дека е жртва на групно силување.

Најстрашното од сè е сознанието дека напаѓачите се пријателите на Бруно.

Додека градот ја суди и ја изолира, Алба мора да најде сила да ја изговори својата вистина и да се соочи со моќните семејства кои се подготвени да направат сè за да ја замолчат.

Но, нејзината борба станува симбол на отпор и потрага по правда, во општество кое честопати ги обвинува жртвите, а не сторителите.

Шпанската серија во 13 продолженија беше премиерно емитувана на Телма во сезоната 2025 / 2026, а овој август репризно во истиот термин од 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска кабелска ТВ ја купи историската серија за „Султанката Косем“

Секој ден, од понеделник до недела во 20:50 часот, на српската Курир телевизија започна со …

error: Содржината е заштитена!