Без разлика дали се гламурозни летни дестинации или места исполнети со историја, плажите го отсликуваат развојот на една земја – од првите капења во море достапни само за привилегираните, па сè до денешниот масовен туризам.

Патуваме од континент на континент, посетувајќи плажи кои откриваат како живеат луѓето, кои навистина се и како размислуваат. Од Руси кои се сончаат исправени, преку Кинези кои не знаат да пливаат, до љубителите на природата и нудизмот во Германија, како и жените во Пакистан кои со превези влегуваат во морето.

„Ајде сите на плажа“ е оригинален начин да ги запознаеме различните обичаи и правила на општествата ширум светот.

21 дестинација:
САД: Мајами
Кина: Цингтао
Данска: Скаген
Пакистан: Карачи
Тајланд: Хуа Хин
Индија: Гоа
Франција: Палавас-ле-Фло
Виетнам: Да Нанг
Германија: Дарс
Бразил: Рио
Италија: Тарквинија
Нова Каледонија: Нумеа
Полска: Сопот
Мексико: Плаја дел Кармен
Украина: Јалта
Аргентина: Мар дел Плата
Израел: Тел Авив
Бенин: Котону
Алжир: Алжир
Јужна Африка: Кејп Таун
Белгија: Кноке-ле-Зуте

Документарниот серијал ќе го гледате од 3 август на Телма и тоа секој работен ден во 15 часот, со реприза наредниот ден во 09.35 часот наутро.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
