Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Членката на жирито на „Гранд“ – „Тоа беше огромен пораз за мене“

Членката на жирито на „Гранд“ – „Тоа беше огромен пораз за мене“

Иако денес важи за една од најпрепознатливите српски пејачки, Сања Вучиќ не крие дека на почетокот од својата кариера доживеала болно разочарување. Доаѓањето во Белград со големи соништа за Музичката академија завршило со разочарување кое, како што признава, со денови го оплакувала.

Убедена во својот музички талент, Сања по завршувањето на средното училиште дошла во Белград со големи очекувања, кои професорите брзо ги урнале.

Беше ужасно кога не ме примија, затоа што јас сум лавица по природа и мислев дека веќе сум примена, дека одам само формално на приемниот. Си мислев дека сум родена за тоа и дека не можат без мене. Бидејќи сум од оние што учат во последен момент, така го подготвував и приемниот, како да треба само да се појавам – се присетува пејачката, која раскажа и како изгледал тој ден.

Се сеќавам дека дојдов на приемниот, кој се состоеше од четири дела – солфеж, пијано, пеење и интервју. Солфежот некако го поминав, а кога дојде ред на пијаното, стравот ме совлада. Тогаш си реков дека на пеењето ќе ги воодушевам толку многу што ќе ме молат да се запишам. Излегов на сцената, мајка ми ми купи некој фустан од „Кавали“ кај препродавач, шарен како папагал изгледав. Си мислев – јас сум оперска пејачка, нема да стојам до пијаното, јас веќе сум на сцена, ќе паднам на колена како во опера. Бев презадоволна од себе. Потоа влегов на интервју, ме прашаа дали сум задоволна, а јас реков дека сум презадоволна. Потоа ме прашаа дали повторно би се обидела ако не ме примат, а јас одговорив дека би се обидела, но си мислев: „Зошто ми го поставуваат ова глупаво прашање кога сигурно ќе поминам?“ – раскажува таа.

Големиот удар следувал неколку дена подоцна, кога ги видела резултатите.

По неколку дена ги објавија резултатите, а моето име го немаше никаде. Тоа беше огромен пораз за мене. Со денови плачев. Поуката што ја добив подоцна беше дека професорите заклучиле оти не сум емоционално доволно созреана за Академијата и дека сум дошла таму како веќе да сум ѕвезда, а требало да бидам студент. За нив бев премногу амбициозна – раскажала Сања Вучиќ во емисијата „Из профила“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Вака изгледаше најава за „Кој сака да биде милионер“ со Трендо

Некогаш многу одамна кога имавме разновидна и богата премиерна програма на сите македонски телевизии, особено …

error: Содржината е заштитена!