На големата сцена на српското шоу “Nikad nije kasno” за последен пат оваа сезона ќе настапат 12-те финалисти кои во изминатите месеци покажаа дека талентот, љубовта кон музиката и желбата за остварување на соништата не познаваат години. Нивните животни приказни, истрајност и музички интерпретации ја освоија публиката низ целиот регион и ја направија оваа сезона една од највозбудливите досега.

Низ спектакуларната финална вечер гледачите ќе ги води добро познатото трио – Драгана Катиќ, Саша Милошевиќ Маре и Жика Јакшиќ, заштитните лица на емисијата кои со години носат поинакви, поискрени и поемотивни музички приказни.
Покрај постојаните членови на жирито, во студиото ќе бидат присутни и бројни специјални гости, а во текот на емисијата телефонски ќе се вклучуваат и познати јавни личности кои во текот на сезоната беа дел од жирито. Тие со своите гласови и коментари ќе помогнат во изборот на победникот според стручното жири.
– Сепак, како и секоја година, важна улога ќе има и публиката. Гледачите со своите гласови ќе одлучуваат за фаворитите, па и оваа сезона ќе бидат доделени признанија врз основа на СМС и Facebook гласањето – потсетуваат од „Гранд продукција“. – Така, финалето ќе донесе дури троца победници и три престижни пехари, што завршницата ја прави уште понеизвесна и повозбудлива.

Посебен шарм на финалната вечер ќе ѝ даде оркестарот на емисијата „Никогаш не е доцна“, кој, како и секогаш, сите песни ќе ги изведува во живо. Токму тој спој на врвни музичари, автентични натпреварувачи и изведба во живо со години го издвојува ова музичко шоу од сите други музички натпревари и го прави единствено на телевизиската сцена во регионот. Кој ќе ги освои пехарите наменети за победниците и на најубав начин ќе го заокружи своето натпреварувачко патување, дознаваме во недела од 21:00 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
