Популарниот и омилен меѓу женската публика – Вилијам Леви, повторно на малите екрани. Ѕвездата од латиноамериканските теленовели ќе го гледате на телевизија Телма во новата верзија од класикот “Кафе со мирис на жена”.

Се работи за нова колумбиска продукција, прикажана на државната хрватска телевизија минатата година.

Македонските гледачи за прв пат се запознаа со вонвременската приказна за кафеберачката и газдата на плантажите уште во 2002 година кога се емитираше “Кога ќе бидеш моја” на А1 телевизија.

Приказната за Палома и Диего ги закова гледачите пред малите екрани, кои со нетрпение исчекуваа што следно ќе се случи во сагата за моќното семејство и сиромашната кафеберачка.

Сега, вечната приказна за забранетата љубов на кафеберачката и богаташот доаѓа на Телма. Овој пат во ново руво, модерна продукција и секако со омилениот Вилијам Леви во главната улога.

Динамично дејство, неочекувани заплети и локации кои го одземаат здивот. “Кафе со мирис на жена” ексклузивно и премиерно на Телма.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
