Почетна / МК Сцена / Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Во петок на 7 ноември во МКЦ – Скопје се одржува седмото издание на „Андерфест“, фестивалот што веќе стана синоним за вистинската алтернативна рок енергија! Се очекува вечер исполнета со моќни настапи, автентична музика и неповторлива атмосфера.

Со годините, „Андерфест“ изгради статус на фестивал што ги обединува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко искуство за сите љубители на рокот и неговите поджанрови.

Вечерва настапуваат:
LOST IN REVERIE
LSD DURING WAR
ДИМИШ
ЗАНАДУ
ДЕМЕНСИ
ГОЛЕМАТА ВОДА
НОВИОТ ПОЧЕТОК

Организаторите ветуваат високо ниво на продукција, динамична атмосфера и вистински дух на независната музичка сцена.

За многумина, „Андерфест“ не е само фестивал – тоа е традиција, движење и заедница што ја поттикнува домашната рок култура. Билетите се продаваат на drugastrana.mk

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината …

error: Содржината е заштитена!