Почетна / МК Сцена / Симона Поповска со емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“

Симона Поповска со емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“

На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе една од најемотивните изведби на вечерта со песната „Не ми доаѓаш“, чиј комплетен автор е Зоран Алексиќ.

Симона уште еднаш потврди дека е артист што ја руши границата меѓу музиката и уметноста.

„Не ми доаѓаш“ претставува природно продолжение на нејзиниот уметнички циклус во кој се вбројуваат „Бакни ме за крај“, „Без тебе“, „Ловец и плен“ и „Бели ноќи“.

Преку секоја песна, Поповска ја отвора следната врата на емоционалната трансформација.

„Секоја моја песна е дел од истиот процес,“- вели Симона.

„Не ми доаѓаш“ е кулминацијата на таа приказна моментот кога жената престанува да бара љубов и почнува да ја разбира.

На сцената таа блесна во креација на нашиот а светски ЈЗЈ – Златко Јовановски, која одлично се вклопи со сценскиот видео приказ, а публиката во Домот на културата во Штип ја награди со долготраен аплауз.

Со овој настап, Симона Поповска уште еднаш потврди дека е артистна на македонската сцена што не трча по трендови, туку гради сопствен свет каде музиката, симболиката и чувството стануваат едно.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!