Европската фудбалска организација, УЕФА подготвува тендер за нов, шестгодишен циклус за продажба на правата за пренос на клупските натпревари, со цел да оствари приход од најмалку 5 милијарди евра по сезона.
Новите договори треба да стапат на сила од 2027 година и ќе претставуваат значително зголемување во однос на сегашниот договор, кој е склучен во 2024 година и изнесува околу 3,3 милијарди евра годишно. Се очекува тендерот за новите права да биде објавен овој месец, а прв пат веројатно ќе вклучува обврска за шест години, што е двојно подолго од досегашната практика.
Една од клучните новости во претстојниот тендер е можноста и стриминг сервисите, како Amazon Prime, DAZN, Disney или Netflix, да купат права за пренос на еден одбран натпревар по коло од натпреварувањето. Засега не е познато колку долго ќе се применува ваквата практика во текот на сезоната, но јасно покажува отворање на УЕФА и на фудбалските преноси кон дигиталните платформи.
Дани | ТВ Пакет