Ниедна од македонските телевизии не најави нова телевизиска сезона, по примерот на сите регионални, европски и светски телевизии.
Ако во соседна Србија имаше посебни промоа и интернет најави за нова сезона на Прва телевизија и Радио телевизија Србија, ако во соседна Бугарија комерцијалните Нова и бТВ се “потепаа” која ќе направи подобра најава за телевизиските формати кои претстојат, ако во Хрватска, државната телевизија и приватните Нова и РТЛ претставија нови серии, шоуа и содржини… кај нас штама.
Да не зборуваме за грчките телевизии кои најавуваа нова ТВ сезона 2025 / 2026 со нови сезони на познатите шоу програми и нови драмски серии. Да не зборуваме и за албанските телевизии кои најавуваа нова телевизиска сезона со најпознатите турски серии и Икс фактор.
Кај нас, ниедна од телевизиите не одвои простор и време да прикаже што ќе следат гледачите во новата телевизиска сезона, кои новитети доаѓаат, кои шоу програми ќе бидат презентирани, кои серии во домашна продукција се снимаат, кои странски најнови серии се откупиле. Ништо од ова.
За разлика од регионалните и европски телевизии, нашите телевизии си продолжија со стандардните политички студиски емисии кои правеа прекин само за летото. Друго – ништо ново.
За споменување е што А1 телевизија уште пред 20-25 години најавуваше нова телевизиска сезони со нови лиценцирани квизови, серии од различни светски продукции, детска програма и филмски блокбастери.
Дани | ТВ Пакет