Нови сезони од политичко дебатните емисии на Канал 5.
Новата сезона на „Само вистина” започна од 15 септември во стандардниот термин по централните вести. И во новата сезона, преку различни гости ќе бидат спротиставени сите мислења, ставови, факти и аргументи за најважните прашања.
Нова екстензија „Само вистини” со Александар Видиновски ќе се емитува секоја среда. Меѓутоа, наместо двајца ќе има четворица гости коишто во условно кажано два тима ќе дебатираат на сите теми.
– Веќе овој четврток почнуваме со новата сезона. Очекувајте многу ексклузивни гости, од кои зависи судбината на сите нас. Објективно и непристрасно, секој четврток по централните вести на Канал Пет. Очекувајте не со аргументирани и квалитетни дебати на сите актуелни теми.
Довербата и квалитетот остануваат наш најголем предизвик и натаму – вели тимот на Само Интервју со Гоце Михајловски во водечката водителска улога.
Секој понеделник во 23 часот ќе се емитува и втората сезона од На кавга со Иван.
Дани | ТВ Пакет