Почетна / МК Сцена / Светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија грмна во Италија

Светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија грмна во Италија

Уште една светска премиера од плодната соработка на нашиот, а светски тенор Благој Нацоски и композиторката Дарија Андовска. Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие“ од Андовска на деветтото издание на PianoLab фестивалот во Италија.
PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, создаден од La Ghironda APS, кој од 2017 година ги обединува музиката и архитектурата преку концертни перформанси во историски вредни места на југот на Италија (Пулија и Матера).

Фестивалот го слави „кралот на инструментите“ – пијаното – во формат отворен за сите: професионалци, студенти и ентузијасти. Програмата се состои од соло рецитали, специјални настапи на светски пијанисти, воведни концерти и главен настан „Suona con noi“ — маратон на пијано низ градското ткиво.
Во последното, осмо издание (2024), фестивалот траеше од 5 јули до 1 септември, со учество на познати уметници и над 200 изведувачи за два дена во Ceglie Messapica, создавајќи магична атмосфера и зајакнување на културниот туризам на регионот.

Овогодишното деветто издание на „Suona con noi“ — маратонот на пијано се прошири и со рецитали со глас и пијано. Се одржа на 11 и 12 август во три локалитети на Мартина Франка и 20 концерти во тие два дена. Рециталот на Благој Нацоски и Андреа Скалцо беше едно музичко патување од Хендл, преку Белини, Тости, Пучини, Масне, се’ до дела од Бенџамин Бритн и светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска, специјално напишана за оваа прилика и посветена на Нацоски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Група Круна ја објави емотивната патриотска песна „Ние сме Македонци“

На 2 август, Илинден, симболот на македонската непокорност и слобода, Група Круна ја претстави својата …

error: Содржината е заштитена!