Наместо премиерна програма за своите гледачи кои со задоволство ја следеа дневната теленовела Наследство, од четврток, 31 јули, Телма ќе им овозможи на гледачите уште една реприза. И тоа содржина која нема допирни точки со формат како теленовела на кој навикнаа гледачите во тој термин.
Репризно во 13.45 часот – серија емитувана претходно два пати на оваа фреквенција.
Nothing Trivial (2011-2014) e драма-комедија, симена во Нов Зеланд во 2011 година, која раскажува за група од пет пријатели кои се сретнуваат паб во кој учествуваат во квиз, а сите имаат една заедночка судбина – несреќни се во љубовта.
Мек е разведен татко со две деца, но сè уште се надева на нова врска својата поранешна сопруга. Мишел е сред разделба со својот партнер и е спремна на сурова одмаза. Кетрин е самохрана мајка, на која на прво место ѝ е кариерата. Таа е постојано зафатена, и сè уште верува во единствена љубов на нeјзиниот живот.
Бриан има проблематично минато. Ема сака да има сопруг и деца, но има неверојатна способност да одбира губитници и срамежливи партнери. Нашите играчи можеби знаат по нешто за природата, географијата и популарната култура, но не доволно за да одговорат на навистина важните прашања во животот.
Кога надежите се намалуваат, можеби остатокот од тимот има нешто да понуди. Што ако вистинските одговори во животот се поврзани со пријателството, довербата и љубовта.
Дани | ТВ Пакет