Почетна / Спорт / Хрватите бесплатно ќе гледаат Формула – РТЛ ги откупи правата

Хрватите бесплатно ќе гледаат Формула – РТЛ ги откупи правата

Хрватската национална телевизија РТЛ ги откупи правата за емитување на сите трки од Формула 1 за следните три сезони: 2026, 2027 и 2028 година.

„RTL Croatia со гордост објавува дека – заедно со словенечкиот Pro Plus, како дел од CME Group – обезбеди ексклузивни права за емитување на сите трки од Формула 1 за следните три сезони: 2026, 2027 и 2028 година.

Повеќегодишниот договор ги вклучува сите права за емитување на сите Гран При од Формула 1, трки од Ф1 Спринт, квалификации и тренинзи. Содржината поврзана со Формула 1 ќе им биде достапна на гледачите во Хрватска на RTL и платформата Voyo“, се вели во официјалното соопштение.

„Ова е голем чекор напред што ја потврдува нашата континуирана посветеност кон нашите гледачи и инвестициите во врвна содржина. Со ова партнерство, уште еднаш ја докажуваме нашата посветеност кон врвната спортска содржина што им ја нудиме на гледачите во регионот. Формула 1 е еден од најпрестижните и највозбудливите спортски настани во светот и ние сме исклучително задоволни што ја доближуваме уште повеќе до пошироката публика во Хрватска“, изјави Стела Литу, претседател на Управниот одбор на RTL Hrvatska и Pro Plus.

„Обезбедените права за емитување на Формула 1 претставуваат голем чекор напред во стратешката визија на RTL Hrvatska за понатамошно зајакнување на својата спортска понуда и подобрување на целокупното искуство на гледачите. Формула 1 со тоа се приклучува на портфолиото на спортски содржини на RTL Hrvatska“, се додава во соопштението.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дуња Иванова меѓу најдобрите 60 на светот во МТБ маратон

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната …

error: Содржината е заштитена!