Почетна / Сапуници / Кинеската новела „Принцезата без круна“ на македонските телевизии

Кинеската новела „Принцезата без круна“ на македонските телевизии

 

Нова кинеска романтична драма во 42 продолженија

 

 

“Принцезата без круна” е костимирана романтична драма, базирана на новелата “Qing Shi Huangfei” од Murong Yin’er. Младата Руби Лин освен тоа што ја толкува главната улога на принцезата, истовремено се јавува и како продуцент на серијата и изведувач на насловната нумера. Оваа кинеска серија со емитување започнува на локалните тв станици во Македонија. Во продолжение ве запознаваме со содржината :

 

Во времето на петте династии и десетте кралства во Кина, се раѓа приказната за убавата и мила Ма Фуја, ќерката на Императорот Чу и омилена кај целиот кинески народ. Сите ја сакаат интелигентната принцеза Ма Фуја, освен нејзината љубоморна и злобна братучетка Ма Шиангун. Таа ја мрази Ма Фуја затоа што целото внимание е свртено кон неа, дури и вниманието од принцот Лиу Лианчерг од северното кралство.

 

Но, животот на принцезата се менува кога нејзиниот злобен чичко, таткото на Ма Шиангун, скроил поинакви планови за императорот и целото негово семејство. Чичкото ги убива родителите на Ма Фуја, инаку негови брат и снаа. Братот на Ма Фуја, Ма Дујан успева да избега од империјата и да биде спасен од еден негов другар, кој нажалост наместо да му помогне, решава да го држи Ма Дујан во заробеништво и да го малтретира. Ма Фуја, пак е протерана од кралството заедно со нејзината баба Хуја која и остана единствена поддршка и грижа на нашата принцеза.

 

 

За Ма Фуја не останува ништо друго освен помош да побара од Лиу, нејзиниот додворувач – принцот на Северното кралство. Кога стигнува таму по неколку недели, ја чека големо изненадување. Принцот Лиу Лианчерг, поради политички цели, се оженил со нејзината злобна братучетка.

Љубоморна на доаѓањето на Ма Фуја во палатата, нејзината братучерка ја турнува од една карпа и на сите им кажува дека принцезата е мртва и дека таа е наследничка на круната. Но, Ма Фуја е спасена од еден млад човек, принцот Менг, кој решава да и помогне да си го врати кралството назад и круната која присилно и беше одземена. Ма Фуја е подготвена на се за да ги поврати она што е изгубено, па затоа ја прифаќа чудната понуда на Менг – под лажен идентитет да влезе во неговиот дом.

 

Менг сака да ја искористи Ма Фуја за да им се одмазди на неговите мајка и брат кои го истерале исто така од домот, а за возврат ветува дека ќе и го врати кралството. Ма Фуја и Менг се вљубуваат еден во друг, но нивната среќа ќе биде попречена кога Принцот Лиу ќе дознае дека принцезата е жива и ќе започне борба со кралството на Менг. Лиу или Менг – кого ќе одбере принцезата Ма Фуја? Ќе може ли да се врати изгубениот престол и која ќе биде цената што ќе треба да ја плати?

Улоги : Ruby Lin, Wallace Huo, Kevin Yan, Jennifer Hung, Kara Hui, Dai Chunrong, Tony Yang

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …