Почетна / Сапуници / Од необична игра до голема љубов во викенд драмата „Заробена“

Од необична игра до голема љубов во викенд драмата „Заробена“

Сабота и недела од 21.20 часот ќе ја следите новата драма – Заробена. Главната актерка од Вљубениот ерген во сосема поинаква улога во серија за чија содржина, прочитајте во продолжение.

Кога компјутерската игра што ја дизајнираше ќе доживее голем успех, компанијата на Тамер добива нов акционер и тоа гигантска американска компанија.

Од навидум обична игра до неочекувано богатство и голем луксуз. Тој купува вила крај Босфорот и го зема неговото семејство да живее заедно со него.

Но, болното детство е тешко да се заборави, а спомените туку така да избледат. Неговиот живот се менува дополнително кога ја среќава Пери.

Таа е убава и успешна менаџерка на една банка. Како мала, доживеала големо разочарување откако мајка ѝ ги напуштила и избегала со нејзиниот љубовник, а татко ѝ банкротирал и починал.

Целиот свој живот, Пери го посветила на својата сестра Наз, да ја израсне и исправи на вистинскиот пат, грижејќи се за неа како за своја ќерка, и покрај зависта која Наз ја чувствувала кон неа.

Завист кон успехот, убавината и среќата на Пери. Но, светот на Пери повторно се распаѓа кога дознава за неверството на нејзиниот сопруг и нејзината сестра.

Разочарана и повредена, таа решава да изврши самоубиство, но баш тогаш, како некој ангел чувар на нејзиниот пат се појавува Тамер, кој ја спасува и решава да ја киднапира и држи во подрумот на големата вила.

Што се крие зад темните ходиници на вилата и зошто Тамер ја киднапира младата девојка? Траумите од детството ќе го оживеат минатото, но кога правилата ќе се променат, чудната игра ќе донесе голема љубов и шанса за нов почеток.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црногорската државна ТВ откупи мексиканска драмска серија

Мексиканската серија за Докторката Лусија ексклузивно стигна на програмата на Радиотелевизија Црна Гора. Црногорците ќе …

error: Содржината е заштитена!