Почетна / Забава / Евровизија / 14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние сме едни од ретките кои учествуваат на ова натпреварување и тоа во последните години со многу лоши пласмани. МРТ објави дека наш учесник е Нела Манческа за која треба да се напише јуниорската песна од тим на проверени композитори.

Од друга страна, некои земји истакнуваат дека го откажуваат учеството на јуниорската Евровизија и буџетот го пренасочуваат за главната Евровизија каде учествуваат околу 38 земји секоја година за разлика од 15 земји учеснички на јуниорската Евровизија. 15 земји најавија дека нема да се вратат оваа година на јуниорската Евровизија: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Германија, Грција, Израел, Латвија, Словенија, Шведска, Швајцарија, Австралија, Велс и Велика Британија. Досега учество потврдија само 11 земји меѓу кои и Хрватска кои се враќаат по подолга пауза. По победата на Грузија лани оваа година на 13 декември јуниорската Евровизија ќе се одржи во главниот град Тбилиси, Грузија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Естонија се откажа од учество во детската Евровизија

Донесен е нов буџет од страна на естонската телевизија ERR со кој се потврдува дека …

error: Содржината е заштитена!