Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Мисија Полуматура“ на деветоодделенците секоја сабота на Телма

„Мисија Полуматура“ на деветоодделенците секоја сабота на Телма

На Телма телевизија започнува емитувањето на нов, оригинален ТВ проект под наслов „Мисија Полуматура“ – емисија што ја слави младоста, креативноста и тимскиот дух.
Оваа уникатна иницијатива ги става учениците во центарот на вниманието, пренесувајќи ја нивната инспиративна приказна до широката публика.
Главните актери се деветодделенци од основните училишта во Општина Кисела Вода, кои добиваат можност од Општината за бесплатна заедничка полуматура.

Но, постои еден важен услов: тие самите се организатори на својата прослава – од идеја, преку концепт, до финалната реализација.
Преку серија ТВ-епизоди, гледачите ќе го следат нивниот целосен процес – од првичните идеи и тимската соработка, преку справување со предизвици и различни мислења, до големата завршна забава.
Проектот акцентира:
• заедништво и тимска работа
• вредности на прифаќање и разбирање
• самостојност и одговорност
• креативност и позитивна младинска енергија

Учениците добиваат поддршка од јавни личности и стручни лица од различни области, кои се појавуваат со совети, насоки и инспирација за нивниот пат кон успехот.
„Мисија Полуматура“ не е само ТВ емисија – тоа е вистинска младинска мисија, платформа за раст, соработка и создавање на вредни животни искуства.
Премиерните изданија се емитуваат на Телма , секоја сабота во 08:30 часот и репризно, секој понеделник во 23:30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регионален спектакл за бармени на youtube платформата на Канал 5

Коктел Мастер – Бадел Мастерклас, најголемото и највозбудливо регионално натпреварување на бармени, започнува со емитување …

error: Содржината е заштитена!