Латино заводникот Вилијам Леви открива дека за потребите на новата улога во теленовелата „La Tempestad“, капетанот Фабре, ќе се ослободи од титулата метросексуалец и драстично ќе го промени изгледот.
„Мислам дека во серијата ќе се појавам со нов имиџ, затоа што мојот лик живее на остров и не внимава на својот изглед, кога се работи за влакната“, напиша на Твитер популарниот актер и додаде: „Откако ги прочитав првите 12 епизоди од одличната приказна La Tempestad, ви откривам дека капетанот Фабре ми е најомилен лик од сите“.

Крис Манев | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				