Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Концерт на Џон Илија Апелгрин на првиот ден од годината на ТВ 24

Концерт на Џон Илија Апелгрин на првиот ден од годината на ТВ 24

Првиот ден од новата година може да го минете со музичката програма на ТВ 24 и концертот на Апелгрен,  насловен „Кубанска музичка авантура“, на кој ќе изведе дел од богатиот кубански музички репертоар, особено од стилот кубанско болеро на автентичен, шпански јазик.

Апелгрен ќе пее во придружба на бенд составен од најдобрите домашни џез музичари, а придружни вокали ќе бидат Марија Димитријевиќ и Калина Велковска. Аранжманите за овој концерт ги подготви џез пијанистот и аранжер Гордан Спасовски.

20.45 часот, веднаш по централните вести.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Шопска шоу“ на Канал 5 – емисија за македонски традиции и вкусови

На Канал 5 телевизија ќе се емитува новата емисија на Томче Јосимовски. ТВ водителот кој …

error: Содржината е заштитена!