Почетна / Серии / „Најголемите грабежи во историјата“ со Пирс Броснан на Телма

„Најголемите грабежи во историјата“ со Пирс Броснан на Телма

Секоја сабота на Телма во 20.15 часот – History’s Greatest Heists.

Од создавањето на валутите, парите го движат светот, а луѓето направија сè што е во нивна моќ за да добијат што повеќе од нив, вклучително и некои од најлудните и најневеројатни обиди за грабеж на сите времиња.

Користејќи динамични реконструкции, драматично раскажување и врвни визуелни ефекти, надополнето со сведоштва од луѓето што биле присутни на настанот. „Најголемите грабежи во историјата со Пирс Броснан“ навлегува во сложените шеми и дрскоста на криминалците кои ја ризикувале својата слобода во обид да обезбедат богатство цел живот.

Броснан, преку најсовремената технологија е вклучен во секој грабеж, го оживува секој глобален наслов на вестите. Ги става гледачите во срцето на акцијата, разработувајќи го секој аспект од планот, вклучувајќи го тимот што го договарал извршувањето и на крајот последиците.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оливија“ пак на Телма – наместо премиера, реприза во прајмтајм

Пет години по завршувањето на нејзината лична голгота, Оливија успава да го среди својот живот. …

error: Содржината е заштитена!