Почетна / Спорт / Стартна победа за Македонија на Светско

Стартна победа за Македонија на Светско

 

Победа за Македонија уште на стартот во Светското првенство. Нашите шампиони остварија значајна стартна победа, ја совладаа селекцијата на Чиле со 30-28 во натпреварот што се одигра денеска. Започнавме добро со водство од 4-2, но дозволивме противникот да направи пресврт и да дојде до предност 7-4. Првото полувреме беше затворено со резултат 12-10 за нашата репрезентација, а натпреварот заврши со 30-28. Најефикасни во нашиот тим беа Кире Лазаров и Дејан Манасков кои постигнаа по 8 погодоци. Утре во 18:00 часот Македонија игра против Катар, а директниот пренос ќе се врши на Сител телевизија. Се надеваме дека среќата ќе продолжи да не следи и на утрешниот натпревар. Напред Македонија!

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ ќе го пренесува светското првенство во ракомет 2025

Македонскиот национален ТВ сервис, МТВ, ќе ги пренесува натпреварите од претстојното Светско првенство во Хрватска, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!