Почетна / Телевизија / СРД ќе преземе мерки околу турските серии

СРД ќе преземе мерки околу турските серии

 

Советот за радиодифузија го објави извештајот од последниот мониторинг на телевизиите, кој покажа дека една национална телевизија емитувала епизода од турска серија во која имало насилни сцени што не треба да ги гледа малолетната публика. Пред емитувањето на епизодата не бил емитуван знакот за ограничена дозвола на гледање на одредена возраст. Било регистрирано  и надминување на дозволеното време за реклама. Кај друга телевизија било регистрирано емитување на програма на македонски јазик помалку отколку што е предвидено со дозволата.

 

 

На телевизиите ќе им биде испратена писмена опомена. Освен тоа, членовите на Советот за радиодифузија предложија состанок со претставниците на националните телевизии, на кој би се дефинирале работите околу терминот и начинот на емитувањето серии со насилни сцени.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За време на лето, српските телевизии емитуваат само премиери

За разлика од добар дел македонските телевизии, кои најголем дел од термините за време на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!