Почетна / Серии / Трилер акционата серија „Taken“ репризно во 23:30 часот на Сител

Трилер акционата серија „Taken“ репризно во 23:30 часот на Сител

Базирана на истоимена филмска трилогија со холивудскиот глумец Лиам Нисон, акционата крими драма “Одмаздник” од NBC, ќе ја следите повторно на Сител и тоа во 23.30 часот. Од извршниот продуцент кој работеше на светски познатиот филм “Петти елемент” и големиот кино хит “96 часа” се создаде приказната за бивш припадник на Зелените беретки.

Брајан Милс е бивш припадник на американската армија, чија лична трагедија го приморува да донесе исклучително тешка одлука. Обидувајќи се да ја преболи смртта на сопствената сестра и да ја нахрани големата желба за одмазда, Милс ја прифаќа работата на оперативец на ЦИА. Борбата против терористите и најопасните криминалци станува негова животна мисија.

Потрагата за убиецот на неговата сестра го доведува до трагите на мексиканскиот наркокартел кој го води озогласениот Карлос Мехија. Секојдневната борба на Брајан Милс за правда и одмазда станува негова вистинска борба за живот, во која само еден од нив ќе мора да излезе како победник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оливија“ пак на Телма – наместо премиера, реприза во прајмтајм

Пет години по завршувањето на нејзината лична голгота, Оливија успава да го среди својот живот. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!