Почетна / Серии / Култната вестерн серија „Бонанца“ доаѓа на МТМ и локалните

Култната вестерн серија „Бонанца“ доаѓа на МТМ и локалните

Од среда (6 март) во 21.30 часот на Прва скопска МТМ телевизија започнува вестерн класиката “Бонанца”. Серијата има вкупно 430 епизоди, а на Алфа беа емиитувани околу 80 продолженија пред шест години. “Бонанца” е снимана од 1959 до 1973 година

Оваа вестерн класика ни ја прикажува приказната за Бен Картрајт и неговите синови кои одбраната на својот ранч “Пондероса” во Невада, ќе ја претворат во борба за целата заедница. Патријархот на фамилијата е трострук вдовец кој секој од синовите го добил од различна жена. Најстариот син е цивилизираниот архитект Адам, средниот е Ерик, а најмалиот Џо е воедно и најтемпераментен. Покрај нив, дел од семејството е и кинескиот слуга Хип Сонг.

Главните улоги ги толкуваат Lorne Greene, Pernell Roberts, Dan Blocker, Michael Landon, Victor Sen Yung и David Canary.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!