Почетна / Телевизија / Опуштено и оригинално, „Шоуто на Елен“ стартува во 17:15 часот на Телма

Опуштено и оригинално, „Шоуто на Елен“ стартува во 17:15 часот на Телма

 

Познатото американско ток шоу стартува на Телма телевизија

 

Позитивна и харизматична, оригинална и несебична, праведна и уникатна. Елен ќе ги руши сите табуа во интересното шоу кое започнува на телевизија Телма. Од понеделник до петок во 17.15 часот, попладне со Елен Деџенерес.

 

 

“Шоуто на Елен Деџенерес” е американско телевизиско ток-шоу водено од актерката Елен Деџенерес. За 15 неверојатно незаборавни сезони, Елен ќе ве насмее со нејзиниот автентичен хумор, но и со моќните пораки кои ги носи и со кои ги менува животите. Шоуто на Елен е наградено дури 79 пати. Во шоуто гостуваат познати личности, но и сосема обични луѓе кои на јавноста не и се познати.

 

 

Почнувајќи на 8 септември 2003, ова шоу станува мега популарно, а Елен досега добила многубројни награди за својата работа. Елен е позната по нејзината смисла за хумор, а за себе често вели дека ужива да ги засмејува луѓето. Освен тоа, таа е позната и по својата хуманост и многубројните донации од милионски суми за луѓето и живоптите кои имаат потреба од помош.

 

Шоуто трае околу 40 минути, а во него досега гостувале многу познати актери, режисери, музички ѕвезди, спортисти, политичари. Елен е позната и по тоа што сака да им подарува предмети на своите гости со нејзиниот лик или лого. А освен тоа, често поставува скриена камера во гардероберот, или за време на интервјуто им приредува scary изненадување на нејзините гости.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниедна нова серија или филм во новата ТВ сезона на ТВ 24

Пред десетина години, Телевизија 24 амбициозно настапи на македонската телевизиска сцена, нудејќи им на гледачите …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!