Почетна / Серии / Видео | Рускиот ситком „Кујна“ оваа сезона ќе се емитува на ТВ 24

Видео | Рускиот ситком „Кујна“ оваа сезона ќе се емитува на ТВ 24

 

Популарната руска серија стартува на ТВ 24

 

Наскоро на телевизија 24 започнува руската хумористична серија “Кујна”, снимена во 120 продолженија од 2012 до 2016 година. Дејството на серијата се одвива во Москва, во еден руски ресторан кој ја негува француската кујна. Низ многу драматични и комични ситуации поминуваат сите готвачи и цел персонал кој работи во тој ресторан.

 

 

Во ресторанот “Клод Моне” ќе се запознаеме со новиот готвач Макс, менаџерката Вика, шефот на кујната Витје, барменот Костја, келнерката Настја, како и со останатите чистачки, готвачи, подготвувачи на риба, десерти итн.

 

 

Серијата се смета за најскапо снимен ситком во руската кинематографија, кој веќе се емитуваше во Србија, Хрватска, Бугарија и останатите земји во регионот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Попадија“ ја разбранува јавноста, црковните кругови со критики

Српската серија „Попадија“ уште од своето појавување привлече внимание со поинаквиот и комичен поглед кон …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!