Почетна / МК Сцена / Видео | Магдалена Ена со нова летна песна „Плачат и најсилни“

Видео | Магдалена Ена со нова летна песна „Плачат и најсилни“

 

Ена ја продолжува соло кариерата со нова песна

 

 

Македонската аре-ен-би пејачка Магдалена Цветковска – Ена промовираше нова песна со видео спот. Текстот за “Плачат и најсилни” е нејзин, додека пак музиката ја направи заедно со брат и, хит мејкерот Лазар Цветковски. Аранжманот и продукцијата се исто така на Лазар, а обработката на песната ја правеше Metropolis Mastering Studio / London.

Видео записот е дело на Горила филмс, во режија на Горан Костадинов.

 

 

Спотот е снимен на неколку локации во Прилеп и Скопје, меѓу кои и во мариовскиот регион, во една стара напуштена фабрика и околу манастирот Трескавец. Во наредниот период, Ена продолжува со снимање на новите песни за новиот албум.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Владо Јаневски на 8 август во Антички театар во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!