Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (62. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (62. продолжение)

 

Црвените карамфили сеуште стоеа онаму каде што ги остави Фаусто. Естер немаше ни желба да ги стави во вода. Одеднаш слушна како камче удира по нејзиниот прозорец. Слушна како некој тивко го изговара нејзиното име. Срцето почна да и удира во градите. Беше Енцо. Што ли сака? Што ќе и каже? Се чуствуваше како тинејџерка, можеше да види како розов сјај го обојува небото. Слезе долу во градината каде што тој стоеше меѓу бршлените. Свежиот утрински воздух и го растера и последниот страв дека некој може да ги види заедно. Неговите очи беа полни со ветување. Се восхитуваше на неговата машка убавина, беше безгрешно убав колку што беше бунтовен како бурен ветар.

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 62 – „Годишнина од брак“

 

Црвените карамфили сеуште стоеа онаму каде што ги остави Фаусто. Естер немаше ни желба да ги стави во вода. Одеднаш слушна како камче удира по нејзиниот прозорец. Слушна како некој тивко го изговара нејзиното име. Срцето почна да и удира во градите. Беше Енцо. Што ли сака? Што ќе и каже? Се чуствуваше како тинејџерка, можеше да види како розов сјај го обојува небото. Слезе долу во градината каде што тој стоеше меѓу бршлените. Свежиот утрински воздух и го растера и последниот страв дека некој може да ги види заедно. Неговите очи беа полни со ветување. Се восхитуваше на неговата машка убавина, беше безгрешно убав колку што беше бунтовен како бурен ветар.
– Што бараш овде, Енцо?
– Дојдов да ти заблагодарам за се…За она што го стори за Моналиса.
– Не е ништо…
– Ти си многу храбра жена, Естер.
– Сакам да те замолам нешто.
– Се што сакаш.
– Не и приоѓај на мојата ќерка.
– Не, Елиса е девојче а мене не ми се допаѓаат девојчиња. Мене ми се допаѓаат жени, Естер. Жени како тебе.
– Подобро да си одам пред да не види некој, – рече таа, чуствувајки како и горат образите.
– Не, застани, – и ја повеле раката за молитвеникот. – Немој да одиш.
– Енцо, те молам…
– Естер, ти се една неверојатна жена. Колку и да сакам да те извадам од мојата глава, не успевам.
Естер се чуствуваше како на трња. Се чуствуваше како дете кое направило нешто недозволено, како кога мала крадеше колачиња од кујната и трчаше тајно да ги изеде во шумата.
– Естер, – Енцо ја зеде за рака а таа не направи ништо за да се промени тоа. – Сакам нешто да ти кажам пред да одам…, – ги наполни градите со храброст. – Те љубам.
Естер ги гледаше неговите сини очи. Стоеа како двајца тинејџери помеѓу алејата со цвеќиња.
– Не требаше да ме бараш. Енцо.
– Зошто?
– Не сакам да не видат заедно.
Тој уште повеќе ги притсина нејзините бели дланки. Чуствуваше како трепери.
– Ризикот е дел од љубовта, Естер.
Враќајки се од овоштарникот, Анибал ја забележа својата мајка во градината како разговара со италијанецот. Беа премногу присни, нивните тела беа блиску едно до друго…
– Мамо, – повика по неа, слегувајки од коњот кој го јаваше.
Естер почуствува како и сопира отчукувањето на срцето. Се заврте кон својот син кој ја судеше со поглед.
– Што правиш со овој човек?
Анибал чекаше одговор од неговата мајка, додека остро гледаше во италијанецот.
– Анибал, синко, го побарав Енцо бидејки ми е потребна помош…
– Каква помош?
– Вашиот татко му забрани на цело село да работи за мене, – се замеша Енцо, не сакајки да ја остави Естер на цедило.
– Сигурно имал мотив штом го сторил тоа, – дрско му врати Анибал.
– Не мислиш дека татко ти е неправеден?, – го праша Естер.
– Јас секогаш ги почитувам одлуките на мојот татко.
– Ако е така, тогаш си одам, госпоѓо Естер.
– Најдобро е така, – се замеша Анибал. – Дома не чека прослава. Денес е годишнина од брак на моите родители.
– Честитки госпоѓо Естер, – со пола уста и посака Енцо. – Имајте убав ден.
– Благодарам.
– Енцо, – му пријде Анибал пред италијанецот да ја напушти алејата. – Најдобро е повеќе да не чекорите на оваа земја. Добро го знаете мислењето на мојот татко за Вас.
– Не грижете се, Анибал, повеќе нема да ме видите.

Срeдувајки ги домашните обврски во бараката, Марија Грација слушна коњски топот во дворот. Пред да погледне низ прозорецот, вратата беше обиена од силните чизми на Господарот. Безмилосно ја грабна за вратот, давејки ја бездушно.
– Признај дека ова е твое дело, – и претеше низ заби, покажувајки го писмото кое утрото го најде на работната маса во библиотеката.
– Не знам за што зборувате, газда, – жената одвај доаѓаше до здив.
– Ти си единствената во оваа куќа која ја знае вистината, – гневно додаде Фаусто, најпосле пуштајки го нежниот врат на жената.
– За каква вистина ми зборувате, газда?
– Дека твојот проклет брат е син на мојот татко!
– Не сум кажала никому газда…
– Лажеш, проклета! Сигурно си и кажала на Кристина!
– Не, се колнам дека не сум и кажала…
– Слушај ме внимателно, глупава! Ако некој од мојата фамилија дознае за ова, ќе те убијам, неука селанко! Се колнам дека ќе те убијам!
Безмилосно ја турна на подот и ја прегази нејзината утроба со своите тешки чевли пред да ја напушти бараката. Марија Грација се превитка на половина, губејки воздух…
Кога Кристина влезе во бараката со корпа полна алишта, ја најде својата постара сестра како се превиткува на подот, грчејки се во болка. Ја фрли корпата и пријде до Марија Грација помогнувајки и да седне на софата.
– Што ти е? Кој ти го стори ова?, – забележа отисок од прсти на нејзинот врат. – Кој ти го направи ова, Марија? Имбецилот Антенор?
– Не…Газдата.
– Зошто го сторил тоа?
– Добил писмо за нешто што не сака да го признае…и се истури на мене.
Кристина широко ги отвори очите.
– Јас му го пратив тоа писмо, – призна.
– Значи ти ја знаеш вистината?
– Да, ве слушнав еднаш додека разговаравте со Енцо. И лута сум ви и на двајцата што го криевте тоа од мене.
– Но, зошто му го прати тоа писмо?, – се разбесна Марија Грација.
– Бидејки несреќникот заслужува да живее во пекол, затоа.
– Свесна ли си дека ми се закани со смрт? Рече дека ако дознае уште некој ќе ме убие. Ќе ме убие Кристина!
– Не грижи се, Фаусто Кастењон нема да ти направи ништо! Попрво ќе плати за се што ти стори тебе и на Моналиса.
– Мислиш да му направиш магија?
– Не. Но, многу скоро тој човек ќе падне мртов. Верувај ми на зборот. Мртов, Марија.

Естер потпевнуваше додека ги распоредуваше цвеќињата низ салонот. Едноставно, по посетата на Енцо се чуствуваше живо. Нејзината позитивност ја забележа и Елиса.
– Денес си многу расположена, мајко.
– Да, – призна Естер, помирисувајки една роза. – Помирна сум денес.
– На што се должи тоа?
– На ништо посебно.
– Лажеш, мајко. Сигурнао си среќна поради годишнината.
– Можеби…
– Не знаеш колку сум задоволна што нештата стануваат подобри помеѓу тебе и татко, – ликуваше Елиса, земајки ја раката на својата мајка. – Не сакам ништо да ве раздели. Никогаш. Затоа мајко, – гласот на девојката стана сериозен. – Мораш да бидеш внимателна со Антониета. Таа жена го труе татко со зли мисли против тебе.
– Антониета?
– Да. Таа жена само сака да му наштети на вашиот брак. Мораш да разговараш со татко за да ја истера од дома.

Антенор слезе од своето магаре и пријде до бунарот каде што Енцо се освежуваше од врелото сонце. Моналиса во колибата го спремаше ручекот за двајцата.
– Дојдов по тоа што ми го вети, – надзорникот премина на главното пред да биде виден од својата ќерка. Енцо цинично се намсевна. Се прашуваше дали ќе си го одржи зборот?
Посегна по задниот џеб на панталоните и извади книжни пари, претходно избројани за давање.
Антенор посегна по парите, но Енцо ја повлече раката пред да му ги исплати.
– Овие пари сакам да ги поделиш со мојата сестра и со мојата внука, дали сум јасен? И не заборавај дека овие пари се замена за твојот молк. Фаусто Кастењон не смее да знае дека има злато на оваа страна од земјата. И не заборавај, Антенор…Портите од мојот дом секогаш ќе бидат отворени за тебе и твојата фамилија. Кога еден ден ќе ти се смачи од Кастењон, побарај ме.

Небото без облаци стануваше црвено како се приближуваше ноќта. Дамите во борделот на тетка Кармен бараа забава во игрите со карти кога веќе борделот беше празен таа вечер. Одеднаш се слушна силно тропање на дрвената врата и трите девојки крикнаа од возбуда. Гостинот пред порти значеше дека таа вечер нема да ги затворат очите без заработка.
– Смирете се девојки и потсредете се, – ги опомена газдарицата пред да ја отвори вратата. Во салонот се појави Антенор со триумфална намсевка на лицето.
– Види, види, Дон Фаусто решил да не посети… Одмана го немаше, мислев дека ги заборавил моите гардении.
– Грешиш, Кармен. Оваа вечер јас сум тој кој што сака да ги полее твоите цветови. Сакам да ми најдеш две дами…Најдобрите.
– И со што ќе ми платиш ти, Антенор?
– Не грижи се, тетка…Еве, – го извади грстот пари од џебот на сакото. Кармен остана со широко отворени очи. Не сакаше ни да знае од каде му се тие пари, дали се украдени или нечесно заработени. Бизнисот одеше слабо во последно време и немаше можност за одбивање.
– Како што реков, – додаде тој. – Две твои најдобри девојки и шише вино…најдоброто.
– Твојата желба е моја заповед, господине Панталеон.

Свечената вечера во салонот на Темпестад помина во славење на годишнината од брак на Естер и Фаусто. Тој испи цело шише црвено вино за време и по вечерата, додека Елиса имаше рецитал на пијаното во салонот. Естер одвај го донесе во собата. Му ги слече чевлите откако легна на креветот. Ликуваше што е пијан, а тоа значеше дека нема да инсистира на ништо таа вечер. Барем така и се чинеше. Додека му ја слекуваше втората чизма, тој со своите силни раце ја повлече кон себе, преку своето тело, доволно да ја почуствува разбудената машкост меѓу неговите препони.
– Те посакувам, Естер…Знаеш, и по толку години во брак, сеуште сум горд што ја имам најубавата жена во областа…Најубавата жена во цел Бразил.
– Зошто не се одмориш малку, Фаусто?
– Сакам вечерва да бидеш со мене…
– Не. Порадо би спиела во мојата соба…
– Денес ни е годишнина, Естер. Мораш да бидеш моја.
– Пијан си, Фаусто…
Ја повлече за рацете притискајки ја грубо.
– Зошто ме одбиваш?, – го повиши тонот. – Јас сум ти сопруг, Естер! Зарем се гадиш од мене?
– Не, не се работи за тоа…
– Тогаш дојди, биди моја…
– Реков не!, – извика таа исрипувајки од креветот. Ја искористи неговата слабост што беше пијан па успеа да му се извлече од рацете.
– Ти си кучка, Естер! Зад маската на дама се крие кучка! Кучка си, Естер! Кучка!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …