Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #53 |Alevosía

Предавство, епизода #53 |Alevosía

 

Доња Инес чувствува голема вина што не успеала да им дари љубов на своите ќерки додека растеле. Особено се обвинува што дозволила Трини да порасне во таква жена. Си ветува дека во иднина ќе има комплетно разбирање за Лусија и дека ќе и помогне да се смири со хирургот, врска за која секогаш се противеше. Меѓу другото, старицата си ветува дека ќе се обиде да ја поврати љубовта на својата внука Анхелес.

Диего отворено зборува со својата мајка во однос на врската со Моника. И признава дека е хомосексуалец и дека веќе некое време се бори со тие чувства кои се посилни од него. Лусија, полна со разбирање го советува да биде искрен со Моника.

Хулијан ја известува Нати дека Чоле оставила тестамент кој бара да биде прочитан пред целата фамилја де ла Вега и Соријано.

Андрес се пакува да замине од куќата на Лусија, но во тие моменти кога на Лусија и треба друштво го замолува да остане уште неколку дена.

Анхелес и Дарио се појавуваат на првото рочиште за разводот. Иако Анхелес глуми дека е разбирлива и фина, Дарио и префрла дека целиот живот само манипулира со луѓето и и вели дека ја презира и сожалува бидејки со таков карактер ќе остане сама засекогаш.

Моника се соочува со Тринидад и отворено и признава дека е против нејзиниот брак со татко и. Меѓу другото и префрла дека е подла и користољубива и дека со нејзиниот татко е само поради парите.

Доња Инес доаѓа да разговара со Густаво. Иако првобитно хирургот е изненаден од таквата посета, доња Инес го советува да се бори за љубовта на Лусија бидејки тој е единствениот маж во нејзиниот живот.

Во меѓувреме, Луз Марија и ја посетува Анхелес и и се заканува дека ќе и врати со иста мера за се што и сторила претходно.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!