Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (40. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (40. продолжение)

 

 
 
Разочарување беше мал збор кога со солзи во очите, младата Моналиса ја виде својата мајка соединета во едно тело со Фаусто Кастењон над кујнската маса.
– Излегувај одовде, Моналиса, – грчевито и нареди Марија Грација, отурнувајки го господарот од себе.
– Мамо, што значи ова?

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 40 – „Моналиса е разочарана од своите родители“

 

Разочарување беше мал збор кога со солзи во очите, младата Моналиса ја виде својата мајка соединета во едно тело со Фаусто Кастењон над кујнската маса.
– Излегувај одовде, Моналиса, – грчевито и нареди Марија Грација, отурнувајки го господарот од себе.
– Мамо, што значи ова?
– Излегувај одовде кога ти велам!, – хистерично повтори готвачката, обидувајки се да го прекрие своето голо тело.
Моналиса облеана во солзи истрча од кујната, затварајки ја вратата зад себе.
– Што ќе правам сега?, – гласно помисли Марија Грација, додека Фаусто ги облкуваше панталоните на себе.
– Да не помислила да каже некому за она што го виде. Не сакам скандал на мојата земја. Јасно?!
Го гледаше со презир и горчина, спремна да му скокне и да му ги истера очите со сопствените раце. Додека тој се грижеше за својот углед, таа веќе го имаше загубено својот кај родената ќерка и немаше поголема казна за неа. Како да ја воспитува на чест и морал по она што го виде?! Фаусто го навлече патентот на панталоните и излезе од кујната.

Енцо гледаше во убавите очи на Естер. Му требаше волја и сила за да се воздржи и да не ја бакне. Го заврте грбот, бидејки нејзината убавина беше преголемо искушние за него.
– Те прашав нешто, Енцо.
– Нема ништо што повеќе треба да се знае, – и одговори, избегнувајки да и ја каже вистината. Вистината од која и самиот се срамеше. Се срамеше од фактот дека дели иста крв со Фаусто Кастењон.
– Сите сме изненадени од реакцијата на Фаусто, – додаде таа.
– Толку години си мажена за него и сеуште те изненадува?!, – ја праша цинично.
– Никогаш не би можела да претпоставам дека би го оспорил тестаментот на својот татко.
– Сакал Фаусто или не, јас не си одам одовде. Ова е моја земја и никој нема да ми го одземе правото на сопственост.
Естер благо се насмевна. И годеа ваквите зборови. Тоа значеше дека Енцо останува, останува близу неа, а таквата помисла и го топлеше срцето.
– Зошто остануваш?, – го праша.
– Помеѓу другото…Најмногу поради тебе, – и одговори искрено.
Почуствува како и горат обрзите. Не беше навикната да добива комплименти. Фаусто никогаш не го правеше тоа.
– Не знам дали би можела некако да ти помогнам.
– Доволно е што си тука.
– Дојдов тука бидејки морам да ти кажам нешто многу важно.
– Што?
– Елиса знае за нас. Не видела како се љубиме во градината. Затоа сакала да си го одземе животот. Поради моја вина мојата ќерка, Елиса сакала да си го одземе животот.
– Не, Естер, ти не си виновна за ништо.
– Да не беше ти сега Елиса ќе беше мртва.
– И што ќе правиш сега кога Елиса знае?, – ја праша нежно, земајки и ја раката.
– Најдобро е да не се гледаме повеќе, – одговори таа против своја воља. – Мораме да признаеме дека нашето беше грешка.
– Јас не мислам така, Естер.
– Јас мислам. Не знае само Елиса. Знае и твојата сестра Кристина. Го пронашла писмото кое ти го пратив.
– Сега разбирам. Тебе не ти е важно што знае твојата ќерка. Се плашиш да го оставиш животот кој го живееш како госпоѓа на Фаусто Кастењон. Да имав пари, немаше да ти биде проблем да си со мене.
– Јас не сум со Фаусто од интерес. Мене не ме интересираат парите.
– Тогаш спротистави му се, остави го и дојди тука да живееш со мене.
– Не можам, – прошепоте таа, колку и да звучеше примамливо неговиот предлог. Откако го запозна сонуваше да се буди крај него, неговите очи да бидат првата глетка во денот а неговите бакнежи да се единствените кои ќе ја љубат до крајот на животот. Но се беше само сон. – Најдобро е да не се гледаме повеќе.
– Признај, Естер, ти си ипична госпоѓа од Високото општество кое кај друг маж го бара она што не може да го добие дома. Како што бев јас, можеше да биде секој.
Ваквите зборови ја допреа до срж. Му замавна шлаканица поради навредата упатена на нејзина сметка.
– Оди си, – и нареди. – Оди и не се враќај повеќе.
Без збор ја напушти колибата.

Барајки нешто помеѓу приборот за ручање во кујната, Антониета наиде на едно мало кесе, сокриено во еден лонец за готвење. Го отвори кесето во кое имаше некакви тревки, кои мирисаа јако.
– Што правиш?, – ја праша Кристина дрско кога влезе во кујната. – Што бараш?
– Смеам ли да знам што е ова?, – ја праша Антониета покажувајки на тревките.
Кристина остана како стаписана. Стравуваше дека може да биде разоткриена. Тоа беа тревките кои и ги стави во јадењето на Лукреција пред нападот на лудило кој го имаше.
– Навистина не знам што зборуаш.
– Не се прави луда.
– Искрено, не знам ни за што се користи тоа.
– Многу добро знаеш за што служи ова. Сите во Назаре знаат дека си вештерка. Лукреција за малку ќе го загубеше разумот благодарение на ова. Веднаш ќе му кажам на Фаусто.
– Не, те молам немој.
– Значи признаваш?, – триунфално праша Антониета. – Мораш да ја напуштиш фазендата. Имаш еден ден да го сториш тоа. Собери ги своите партали и напушти ја оваа куќа. Ако дознае Фаусто за ова, ќе те запали жива.

Моналиса не можеше да ја извади сликата од глава. Беше болно и понижувачки за неа да ја види сопствената мајка со туѓ маж. Солзите сами течеа по нејзиното лице, кога Марија Грација влезе во колибата. И се параше срцето гледајки ја својата ќерка како плаче за нешто што таа го предизвикала.
– Ќерко…
– Не ми се приближувај. Не сакам да слушнам за тебе, – дрско и одговори Моналиса, како никогаш претходно, бришејки ги солзите.
– Моналиса те молам сослушај ме, figlia.
– За мене повеќе не постоиш, – и дофрли девојката станувајки од масата. Но, пред да ја напушти просторијата Марија Грација ја задржа за рацете и внимателно ја седна на масата.
– Зошто му го правиш тоа на тато?
– Бидејки не можам да го одбијам. Не смеам.
– Колку време сте љубовници со газдата?
– Со години, – со грутка во грлото одговори Марија Грација.
– Ти се допаѓа? Сигурно уживаш со него.
– Не, – кратко одговори готвачката и ја стави главата на својата ќерка на своите гради. Плачеше едната, плачеше другата.
– Figlia mia, не знаеш колку страдам…Морам да го задоволам секој пат кога ќе посака. Затоа разбери ме, затоа те молам да се тргнеш настрана од младиот Рикардо, не сакам да завршиш како мене.
– Дали татко знае? Дали знае за она што го има помеѓу тебе и дон Фаусто?

Девојката беше загрозена кога ја дозна вистината. Не можеше да се помири со фактот дека нејзината мајка му е љубовница на газдата и дека нејзјниот татко знае за истото.
– Како можеш да знаеш и да ти биде сеедно?, – Моналиса го праша Антенор кога го најде како ги врши своите дневни обрски.
– Замочли, мала пред да ти ја врзам една.
– Зошто не му ја врзеш на газдата?
– Што ти е на тебе?, – ја праша, грубо повлекувајки и ја раката.
– Сега ќе се истуриш на мене?
– Зарем немаш почит кон својот татко?
– Од овој ден ја загубив почитта кон тебе. Ти го кажувам ова со болка во душата, – одговори девојката и плачејки истрча кон фазендата.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …