Почетна / Забава / Со 5 распродадени концерти, заврши турнејата на ,,Фрајле”

Со 5 распродадени концерти, заврши турнејата на ,,Фрајле”

Со концертот во Струмица, успешно заврши концертната турнеја на „Фрајле” во Македонија, со целосно распродадени концерти.

Имено, изминатата недела, женското трио „Фрајле” одржа 5 концерти во 4 различни градови низ Македонија. Почнувајќи од Битола и Штип, па се до Скопје и Струмица.

Пеејќи песни од нивната Војводина, како и нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ ја разиграа македонската публика, која беше на нозе повеќе од два часа и во еден глас ги пееше песните на „Фрајле”, а тие пак возвратија со енергичен настап и фантастична интерпретација, како што впрочем сме навикнати од нив.

„Фрајле” уште еден покажаа како се доминира на сцената и докажаа зошто се автентични во секој поглед.

Она што остави најголем впечаток кај публиката буквално на сите концерти, дефинитивно беше изведбата на „Јовано Јованке”, а девојките не заборавија да го испочитуваат и нашиот Тоше Проески, пеејќи ја неговата песна „Во коси да ти спијам”.

Со громогласен аплауз што траеше неколку минути и стоечки овации беа поздравени од присутните кога на публиката, со знаковен јазик и порачаа: „Ако се обидат да ве скршат и да ве повредат, бидете силни и пејте, затоа што песната е лек за сите ваши грижи”.

По завршување на концертите, „Фрајле” се дружеа со своите фанови, а љубителите на пишаниот збор имаа можност да ја купат автобиографијата на Јелена Буча со наслов „Како станав Фрајла”, каде што добија потпис лично од нив.

Со оглед на тоа што интересот за нив после овие концерти е се поголем, нема да се изненадиме ако ги видиме наскоро повторно кај нас. Бидете во исчекување на нови датуми.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Грашо со трет концерт со симфониски оркестар во Скопје

Концертите на Петар Грашо предизвикаа огромен интерес кај македонската публика како за никој досега, барањата …

error: Содржината е заштитена!