Почетна / Серии / Авантурите на тројцата „Мускетари“ со уште една реприза на Телма

Авантурите на тројцата „Мускетари“ со уште една реприза на Телма

 

“Мускетарите” во 14.30 часот на Телма

 

“Мускетарите” е британска историска серија која од минатава седмица повторно се емитува на Телма, и тоа во 14.30 часот, заменувајќи ја репризата на “Стрела”.Ова е една од најрепризираните серии кои се емитувале на Телма.

 

 

Во продукција на BBC, базирана е на романот “Тројцата мускетари” на Алехандро Дима. Во продолжение ве потсетуваме на добропознатата приказна за тројцата, односно четворицата мускетари :

 

 

Младиот Д’ Артањан и тројцата француски елитни воини се борат низ Европа за да ги спасат кралот и татковината од заговорот што го предводат атентаторката Миледи и војводата од Бакингем.
 
Импулсивниот и млад Д’ Артањан ги здружува силите со тројцата одметнати мускетар кои се познати како Портос, Атос и Арамис, тројцата елитни воини, кои му служат на кралот на Франција. Откако откриваат завера за симнување на кралот од власт, тројцата мускетари сретнуваат еден млад херој Дартањан и го земаат под своја закрила.

 

 

 Тие четворица заедно тргнуваат на опасна мисија да ја осуетат заверата која не само што му се заканува на кралството туку и на иднината на самата Европа. Тие мора да го спречат злобниот Ришелје и да се соочат со Бакингем и опасната Миледи. Нивното мото е – Еден за сите, сите за еден.

 

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!