Почетна / МК Сцена / Театарската претстава „Снежана“, дел од Скопско лето 2016

Театарската претстава „Снежана“, дел од Скопско лето 2016

 

Дечиња, уживајте во безвременската приказна за Снежана и џуџињата

 

Во рамките на Скопското лето, во Дрмаски театар на 26 јуни ( недела) напладне ќе биде изведена новата театарска претстава за Снежана и 7те џуџиња. Сценографија на која се проектирани тридимензионални анимации, костими што ја отсликуваат маѓичноста на приказната и млада екипа ќе ја сочинуваат претставата  која во режија на Димче Николовски премиернобеше изведена пред 3 месеци во Драмски.

 

 

Снежана, џуџињата и другите ликови во претставата ги играат актерите: Александра Павлова, Трајанка Илиева-Велиќ/Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Стефанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексовски, Дарко Карбески и Марко Илиќ.

– Претставата се занимава со вечната тема, борбата меѓу доброто и злото, со крајна порака дека добрината и љубовта секогаш победуваат. Беше предизвик да се влезе во архетипската психологија на приказната и за потоа истата во најдобар можен начин да им се прикаже на децата – истакнува Павлова, актерката што ја толкува Снежана, з акоја ова е прва главна улога.

Костимографијата е на Лира Грабул, автор на сценографијата е Сергеј Светозарев, а музиката ја подготви Димитар Андоновски.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!