Почетна / Забава / Пиволенд 2013 со уште еден стејџ!

Пиволенд 2013 со уште еден стејџ!

 

Пиволенд 2013 го откри своето изненадување кое беше највено пред неколку дена. Покрај најавените 3 стејџа (главен, денс и кавер бенд) посетителите ќе имаат можност за уште едно музичко освежување – 4ти стејџ за кој ќе се погрижат момците од радио МОФ. На оваа сцена предност ќе им биде дадена на младите, алтернативни музичари и ДЈи од Македонија и ќе биде одлично надоплонувнање на веќе најавената музичка програма. Во музичките правци кои ќе бидат застапени преовладува вистинско шаренило. Музичкиот спектар се движи од дапстеп, драменбејс, прогресив и дач хаус, хип хоп, инди рок, реге па дури и до традиционална ирска музика. Стејџот на МОФ Радио ќе биде во близина на игротеката за возрасни, на локација одлична и за оние кои сакаат да се опуштат, но и за оние кои сакаат да уживаат во добриот алтернативен звук.

 

 

Тимот на Пиволенд ве повикува да дојдете да уживате во спектарот на разновидни пива, храна и музика. Исто така ви препорачува да дојдете пеш или со јавен градски превоз, но ако сепак се решите да дојдете со вашите возила, тимот на Пиволенд ви предлага да паркирате на паркингот кај Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, кој ќе биде отворен навечер за времетраењето на фестивалот. Не возете под дејство на алкохол, конзумирајте одговорно и се гледаме нна Пиволенд!

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!