Почетна / Серии / Втората сезона од хит ситкомот „Преспав“ нема да се емитува на Телма

Втората сезона од хит ситкомот „Преспав“ нема да се емитува на Телма

 

“Преспав” со нови продолженија продолжува на ТВ 24

 

Македонската хумористична играна серија “Преспав” со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот “Преспав” веќе долго време ја очекуваат втората сезона од серијата на Телма.

 

 

Но, сега е сѐ јасно. Вашиот омилен ситком продолжува наскоро, но не на Телма, туку на друга фреквенција. Јелена, Марио, Ула, Тони и Коста наскоро ќе ги следите на фреквенцијата на ТВ 24. Покрај рускиот и српскиот ситком, ТВ 24 ни ја носи и македонската играна комедија “Преспав” која ќе ве насмее и расположи со новите авантури на персоналот и сопствениците на пансионот во Преспа.

 

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската трилер серија „Позив“ секоја недела на МРТ 1

Аница Рељиќ, поранешна полициска инспекторка која сега работи во кол-центар, добива повик од Соња Тошиќ, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!