Почетна / Сапуници / Видео споменар : „Касандра, Касандра, еден човек негде пати“

Видео споменар : „Касандра, Касандра, еден човек негде пати“

 

Видео кое ќе ве врати во деведесетите и ќе ве расположи

 

Сигурно се сеќавате на “Касандра”, серијата која направи вистинска телевизиска револуција во светот, особено во балканските земји каде ги сруши сите рекорди на популарност на било каква телевизиска содржина. Гледачите плачеа над нејзината судбина, жените го посакуваа нејзиниот Луи Давид, мажите скришум погледнуваа кон телевизорот. Некаде се потпишуваа петиции за нејзино ослободување од затвор, некаде и се даруваше крв кога ја ранија со нож, не се одеше на гости додека траеше “Касандра”, жив човек не можеше да се види по улиците во терминот на нејзино емитување.

 

 

Сликички, постери, прераскажување на сите случки секојдневно по канцелариите и училниците, пазари преполни со венчиња и реквизити со имиња од серијата…. тоа беше сликата во Македонија додека се емитуваше Касандра. Популарноста на серијата ја искористи и битолскиот пејач и флејтист Цане Николовски, кој во тоа време сними песна за омилената хероина.

Во продолжние ве потсетуваме на ова хитче :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …