Почетна / Серии / Американската акциона драма „Covert affairs“ во 23:30 часот на Сител

Американската акциона драма „Covert affairs“ во 23:30 часот на Сител

 

Нова серија на Сител од понеделник до петок

 

Од понеделник, 18 декември 2017-та, Сител телевизија ги враќа американските серии во својата програмска шема. На местото од репризи на филмови, во 23.30 часот ќе се емитува американската акциона драма “На тајна задача”. Серијата е во продукција на USA Network и е снимена во 75 продолженија. Главната улога ја толкува Пајпер Перабо во улога на младата агентка на ЦИА, Ени.

 

 

Ени Вокер е отргната од обуката на ЦИА и е ставена на задача во самиот внатрешен круг на Агенцијата, поради своите јазични венштини. Заедно со Август, слеп експерт за технологија, таа ќе се соочи со најопасните криминаци и терористи кои претставуваат закана за Америка.

 

 

Но, која е целта на ова унапредување на практикантката Ени во агентка? Што се крие зад тој потег на ЦИА? Покрај професионалните, серијата ги прати и приватните авантури на младата девојка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!