Почетна / Забава / Подгответе се за луда журка – Том Нови во Скопје

Подгответе се за луда журка – Том Нови во Скопје

 

На желба на македонската ди-џеј публика, а на барање на Сан Продакшн (организаторот на настанот), светски познатиот ди–џеј и продуцент Том Нови, единствениот слободен термин во изминатите, но и наредните шест месеци, со огромно задоволство прифати да го искористи за настап во Скопје.

 

 

Интензивните подготовки за неговиот прв лаунџ-бар во Берлин привршуваат, така што на 14-ти февруари го оствари својот долго посакуван сон – сопствен ресторан. Веднаш по отворањето, Том доаѓа во Македонија каде што најави цел викенд за одмор и релаксација.  Интересен е фактот што тој сам нагласи дека прва асоцијација за Македонија му претставува вкусната традиционална трпеза, топлата атмосфера во градските кафеани, како и најдобриот македонски специјалитет – ајварот. Воедно, Том побара задолжително пред настап да јаде ајвар и сирење, комбинација која ја раскажува насекаде низ светот.
На 16-ти февруари во СЦ Борис Трајковски како домашна поддршка на еден од најголемите хит-мејкери на сите времиња, ќе настапат: Бабура, Боби и Даре. Стартот на забавата е во 23:00 часот.

Влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 200 денари почнувајќи од среда, 7-ми февруари, додека пак од 14-ти до 16-ти февруари истите ќе чинат 250 денари. Единствено во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!