Почетна / Спорт / Ексклузивен документарец за историската титула на Надал, „La Décima“

Ексклузивен документарец за историската титула на Надал, „La Décima“

 

Fédération Française De Tennis и Eurosport претставуваат ексклузивни и никогаш претходно невидени снимки од Рафаел Надал на неговиот пат до историската десетта победа на Ролан Гарос.

 

 

Еуроспорт во соработка со Француската Тениска Асоцијација (Fédération Française de Tennis FFT) го претставува ексклузивниот документарец „Ла Децима“ , кој го следи Рафаел Надал на патот до неговата десетта победа на Роланд Гарос.

 Надал на камерите на Еуроспорт и ФТА им дозволи целосен пристап во текот на овогодишниот турнир. Камерите го следеа додека се подготвуваше за потврда на позицијата, најголем тенисер на сите времиња на земјена подлога, и освојување на 15 Гранд Слем титули.

 La Décima – The Story се емитуваше на ТВ и дигиталните платформи на Еуроспорт (понеделник, 12 јуни) во 20:30. Документарецот ќе ни открие што го мотивираше „Кралот на земјената подлога“  во подготовките за освојување на десеттата победа на Ролан Гарос и прата Гранд Слем титула од 2014 година.

 

 

 La Décima – The Story на фановите ќе обезбеди место во прв ред- не само што ќе го видат Надал како дошол до врвот на својата игра, туку да ја разберат и страста која го движи и му дава сила за натпреварување и победи, без обѕир на препреките кои го снашле. La Décima во Шпанија е синоним за успех, а освојувањето на Ролан Гарос оваа година, може е најголемиот успех во неговата трофејна кариера.

Мест Виландер, тројниот освојувач на Ролан Гарос соработник на Еуроспорт за тенис, изјави: „Кажав за  Надал, кога е во форма, невозможно е да се победи на земјен терен и Шпанецот го потврди тоа. Имав среќа и во кариерата го имам освоен Гранд Слем три пати и секогаш беше голем физички и ментален предизвик. Да го освоиш Ролан Гарос 10 пати, е едно од најголемите достигнувања во спортот. Рафа доминираше на теренот и овој документарец на гледачите ќе им покаже што е потребно за да станете еден од најдобрите тенисери на сите времиња.“

 

 

 Арно Симон, виш потпретседател на Дискавери за содржина, продукција и настани, изјави: „Постојано бараме начини да ги збогатиме нашите преноси за најголемите спортски настани за на гледачите им ја доближиме акцијата. Многу ни е мило за соработката со ФТА која на љубителите на тенисот им овозможи да видат ексклузивни снимки зад камерите и што сѐ се случуваше околу историската 10 победа на Рафаел Надал на Ролан Гарос.“

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хамилтон: Зошто Формула 1 ја ставија во ист термин со финале тенис?

Пред почетокот на викенд трките во Формула 1, Луис Хамилтон ја критикува одлуката да се …