Почетна / Сапуници / Фото | Ајаз и Оику од „Сезона на црешите“ и приватно во љубовна врска

Фото | Ајаз и Оику од „Сезона на црешите“ и приватно во љубовна врска

 

Јунаците од новата серија на Сител и приватно се заедно

 

 

Фановите на хит серијата “Вљубениот ерген” имаа можност деновиве да ја започнат со следење и новата романтична комедија “Сезона на црешите”, која многумина ја споредуваат токму со Ергенот.

 

 

Топла и интересна приказна на вљубување на двајца млади која ќе ја следите ова лето и оваа есен на Сител телевизија.

 

 

Она што особено ги привлече гледачките е главниот актер Серкан Чајоглу, кој важи за еден од најзгодните турски актери. Па, девојки, веројатно атрактивниот Ајаз е соодветна замена за Омер за ова лето?

 

 

Неговата сакана во серијата не е Дефне на Омер, туку е Оику, млада и весела девојка која постепено ќе започне да се вљубува во Ајаз и тука започнуваат вистинските летни романтични моменти.

 

 

Она што е особено интересно е што актерите што ги толкуваат улогите на Ајаз (Серкан Чајоглу) и Оуки (Узге Ѓурел) се и приватно во љубовна врска.

 

 

Двајцата се запознале за време на снимањето на “Сезона на црешите” и од тогаш ја започнуваат нивната реална романса.

 

 

Скромни и нескандалозни, папараците често и не знаат што да пишат за нив, иако со душа се чека нивната свадба.

 

 

Двајцата имаат по 31 година и завршено актерство. И двајцата покрај актерството, се занимаваат со моделство, а нивните фотосесии се едни од најследените на социјалните мрежи.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!