Почетна / МК Сцена / Промовиран новиот албум на Каролина… и повторно добитна комбинација

Промовиран новиот албум на Каролина… и повторно добитна комбинација

 

“Извор” уште еднаш ја стави Каролина на пиедесталот

 

Вчеравечер во Македонската Опера и Балет започна долгоочекуваниот концертен маратон на Каролина Гочева по повод промоција на најновиот музички албум “Извор”. Каролина и нејзиниот тим уште еднаш покажаа и докажаа зошто важат за поим за квалитет и бренд во Македонија. Фантастична изведба на сите песни од најновиот албум од страна на дивата, пропратена со маестралниот бенд кои ги понесоа звуците и за ова музичко парче на Каролина.

 

 

Многумина со нетрпение исчекуваа што ќе понуди новиот албум на Каролина, но сега конечно “Извор” е на виделина. Сите оние кои присуствуваа и ќе присусствуваат на концертите ќе добијат луксузно ЦД издание од албумот, а за сите останати, песните се веќе прикачени на YouTube.

Музички, албумот е сличен на неговиот претходник – “Македонско девојче 2”, но се добива впечаток дека овде, во сите песни владее некое слично расположение, иста динамика, сличен концепт, па затоа може да се каже дека “Извор” е покомпактен како целина од претходните. Песните се одликуваат со елементи од македонскиот народен фолклор, но се адаптирани во посовремен стил кој е актуелен во времето на издавањето на албумот, односно содржат елементи и од поп и џез музика.

 

 

И повторно добитна комбинација – староградски звук отпеан на исклучително магичен начин од страна на совршен вокал како што е Каролина. И повторно албум кој ќе “пали” во сите кафеани и ресторани, кој ќе ни даде една сосема поинаква димензија на бурните времиња во кои живееме. Со “Извор”, македонските слушатели ќе може за миг да се транспортираат во едно волшебно време на чаршии и сокаци, време на чалгии и искрени романтики, спротиставувајќи се на сите припрости стихови и смешни ритмови со кои сме преплавени од соседството.

ТВ Пакет ќе ви ги претстави сите песни од најновиот албум, затоа што е реткост во македонската музика да се случи еден ваков квалитетен албум. Затоа време одвојуваме за сите песни. Прва во промоцијата е “Газам боса”, дело на Николче Мицевски и Весна Малинова. Уживајте, народе !

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески Вчеравечер во Вип Арената “Борис …

Leave a Reply