Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 14

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 14

 

Откако Роки и Рене заминаа со маријачи бендот, девојките прoдолжија со својата работа пред да се стемни. Макарија која ја имаше веќе подготвено вечерата, ги замоли да ја остават работата за следниот ден и да влезат внатре да вечераат. Но, девојките сакаа да го довршат кречењето бидејки им остана само малце. Одеднаш, скелето на кое стоеа Јулиса и Индалесија попушти. Металните држачи пуштија и двете девојки паднаа од голема висина, поклопени под тешкото скеле.

–          Јулиса!, – болно крикна Макарија приоѓајки им.

Тристан го сопре автомобилот пред пансионот на Макарија, кога виде врева и потрча кон куќата.

–          Тристан, – крикна Кристела кога го здогледа.

–          Што се случило, Кристела?

–          Јулиса и Индалесија, Тристан…Заробени се под скелето кое падна.

–          Јулиса, Јулиса, – Тристан избезумено потрча кон саканата.

Макарија плачеше и низ солзи ја повикуваше својата ќерка, кога Тристан со своите силни раце почна да ги извлекува девојките, една под една од под тешкото, метално скеле.

–          Тристан, – како низ бунило изговори Јулиса.

–          Биди мирна, љубов моја, не мрдај. Макарија, викнете итна помош. Брзо!

Откако се убеди дека неговата сакана Јулиса е свесна, пријде до Индалесија која лежеше во бесознание.

–          Тристан, спаси ја Индалесија, – довикуваше Јулиса.

–          Ќе биде добро, – ја тешеше Тристан, додека и го проверуваше пулсот на девојката.

Макарија се врати во дворот откако повика итна помош, па срцето и дојде на место кога ја виде својата ќерка на нозе. Потрча кон Јулиса со широко оворени раце.

–          Мамо, – и Јулиса и се фрли во прегратка.

–          Ти благодарам, Господе, – од среќа плачеше Макарија не испуштајќи ја девојката од своите раце.  – Како е Индалесија?

–          Ќе биде добро, – ги извести Тристан испаничените жени откако Индалесија даде знаци на живот.

–          Ти благодарам, момче, – воздивна Макарија. – Бог те прати на право место во право време.

Пријде до младото момче и силно го прегрна. Сите сомнежи кои некогаш ги имаше, веќе не постоеа. Тристан со сигурност ја заслужуваше љубовта на нејзината ќерка.

 

Откако замина нејзиниот син Тристан, Саграрио остана сама дома. Не знаеше како да му каже дека повторно работи во вилата на Вадо, за да биде близу до својот син Сантијаго. Додека го подготвуваше ручекот во кујната, некој затропа на вратата, па ги избриша рацете од кецелата и отиде да отвори.

–          Доаѓам!, – довикна, откако гостинот непрекинато тропаше.

На вратата стоеше Матакан, младиот телохранител на Вадо кој загонетно се смешкаше.

–          Што брате овде?, – го праша Саграрио.

–          Најпосле ја пронајдов вашата куќа. Значи, живеете тука, госпоѓо Саграрио?, – ја праша влегувајки во скромниот дом без дозвола. – Мојата посета е дел од мојата работа, – објасни. – Секогаш ги посетувам домовите на вработените кај дон Вадо, ги запознавам нивните фамилии…Прашање на безбедност.

–          Јас не кријам ништо, – помалку исплашено рече жената.

–          Имате убава куќа, -Матакан внимателно го гледаше секој детал. – Дон Вадо сако чисти, уредни…, – дојде до иконата на Богородицата од Кармен, па додаде; – Побожни жени. Тогаш мора да ви се познати божјите заповеди, не лажи не кради…

–          Ништо не украдов од собата на инжењерот.

–          Мистика Ве затекнала сама во собата.

–          Што сакате од мене, Матакан?

–          Зборувајте ми за себе, доња Саграрио. Кој е вашиот сопруг, вашите деца?…

–          Мојата фамилија е чесна и вредна.

–          Кој се овие момци на фотографијата?, – ја праша Матакан, покажувајки на фотографијата која стоеше на комодата. На истата Сантијаго имаше дванаесет а Тристан десет години.

–          Моите синови.

–          Зборувајте ми за нив. Постариот од нив ме потсетува на некој, но не знам на кој. Како да сум го видел некаде вашиот син но не се сеќавам каде.

–          Не, не…Сигурно не го познавате.

Саграрио почна да стравува дека Матакан ќе ја открие нејзината тајна. Дека Ектор е нејзиниот син Сантијаго.

–          Богородице, ослободи ме од овој човек, само да не ја дознае вистината, – во себе се молеше жената.

–          Дали сакате да сокриете нешто од мене, Саграрио?

–          Не, јас сум искрена. Сите ме знаат како таква, јас не кријам ништо.

–          Дајте ми и други фотографии од вашите деца.

–          Тоа е единствената фотографија од моите синови која ја имам.

Матакан скептично погледна во жената.  Скоро беше сигурен дека момчето од фотографијата е Ектор Фалкон.

Помеѓу Матакан и Ектор секогаш имаше доза на непријателство. Матакан му завидуваше на Ектор поради шансата да студира и да се образува која му ја овозможи дон Вадо, но пред се му завидуваше поради довербата која дон Вадо ја имаше во него.

 

Во меѓувреме, за време на ручекот во вилата Дорада, изби расправа помеѓу дон Вадо и неговиот штитеник Ектор. Ектор одбиваше да прифати дека Тристан Фуего е виновен за експлозијата во топилницата и го обвини Вадо дека го наместиле невино заедно со Антолин, кој стоеше зад истрагата.

–          Сакаш да кажеш дека повеќе му веруваш на тој бедник, шефот на смена, Тристан Фуего, отколку на мене, човекот кој те израсна како татко?

–          Не сакам да се расправам , – рече Ектор, знаејки дека Вадо има проблеми со срцето и дека не смее да се возбудува. – Но, не му верувам на Антолин. Мислам дека мати нешто.

Вадо премногу бурно го сфати ваквиот напад.  Почувствува стегање во срцето и ја испушти лажицата која ја држеше. Ектор и Мистика му потрчаа во помош.

–          Води ме во собата, – и нареди на домарката, откако презирно погледна во Ектор и стана од трпезариската маса.  – И не заборавај, Ектор. Не заборавај дека ти дадов се, но како што ти дадов се така и ќе ти одземам се!  

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …