Почетна / Сапуници / Серијата „Авенија Бразил“ стана светски феномен

Серијата „Авенија Бразил“ стана светски феномен

Светски феномен. Серија која во Бразил оствари просечен рејтинг од 42% и удел во гледаноста од 69%, додека последната епизода ја гледале 56% од граѓаните на Бразил, односно 84% од оние кои во тој момент гледале телевизија. Серијата е продадена во повеќе од 100 земји ширум светот, го држи првото место на листата на најпродавани телевизиски содржини од Бразил. Врвна продукција и актерска екипа, возбудливо сценарио и живописни ликови, различни локации и екстериери, одлична музика. Сето ова ја опишува минатогодишната успешна серија на Глобо, „Avenida Brasil“.

 

Светски феномен. Серија која во Бразил оствари просечен рејтинг од 42% и удел во гледаноста од 69%, додека последната епизода ја гледале 56% од граѓаните на Бразил, односно 84% од оние кои во тој момент гледале телевизија. Серијата е продадена во повеќе од 100 земји ширум светот, го држи првото место на листата на најпродавани телевизиски содржини од Бразил. Врвна продукција и актерска екипа, возбудливо сценарио и живописни ликови, различни локации и екстериери, одлична музика. Сето ова ја опишува минатогодишната успешна серија на Глобо, „Avenida Brasil“.

Дали би сакале оваа серија да се емитува и кај нас?

 

 

 

„Авенија Бразил“
Број на епизоди: 179

 

 

Во центарот на серијата „Авенија Бразил“ е создавањето на новата средна класа во Бразил на почетокот на 21. век, додека пак реалноста е прикажана со голема доза на хумор и измислени настани.

Како дете, Рита страда во рацете на бескруполозната маќеа Кармиња, која со помош на љубовникот Макс го поттикнува Женезио – таткото на девојчето, да изгуби сe што има. Напуштени од Кармиња и оставени на улица, тие навлегуваат под заштита на злобниот Нило, а Рита бара помош во домот на ексцентричната Лусинда. Таму таа се запознава со Батата, нејзината голема љубов. Но, судбината се погрижува и двајцата да се разделат, кога едно чилеанско семејство ја посвојува и и го дава името Нина.

 

 

Името на шампионот во Рио де Жанеиро во 1999. година е Жоржи Араужо, попознат како Туфао. Создаден од Дивино фудбалскиот клуб, клуб од преградието, Туфао се појавува повторно на сцената во Бразил откако живеел во странство и е на пат да се ожени со љубовта на својот живот, забавната фризерка Монализа. Но таа врска не е одобрена од мајката на момчето – Муриси, кој води тежок живот со Лелеко, татко на играчот. На последниот ден од шампионатот, после брилијантната победа, Туфао случајно прегазува на Авенијата Бразил еден господин, кој бил на патот – Женезио. При пристигнувањето на брзата помош, тој успева да го слушне само името на неговата сопруга – Кармен Лусија Мореира де Суза. Чувствувајќи вина поради тоа што се случило, Туфао се претставува пред вдовицата како долгогодишен пријател на починатиот, и и нуди да и помогне за се што има потреба поради тоа што е богат човек.

 

Во меѓувреме, паметната Кармиња открива дека играчот е виновен за смртта на својот сопруг и гледа шанса во животот за да се снајде подобро. Со помошта на Макс, таа успева да ја оддалечи шминкерката од фудбалерот и да се омажи за него, бремена од својот љубовник, убедувајќи го дека тоа е плод од вистинска љубов, која ја имала со починатиот.

 

 

Радувајќи се на луксуз и заедно со Макс, кој се жени за сестрата на Туфао, Кармиња се враќа кај своите корени, кои ја поврзуваат со Лусинда. Потсетувајќи се на минатото, таа решава да го земе својот син, кого била принудена да го остави како бебе, за да го одгледа со Туфао. 12 години подоцна, синот Батата, кој сега е попознат како Жоржињо, е млад фудбалер, вљубен во прекрасната Дебора, но е измачуван од чувство на гнев, што го чувствува кон својата мајка. Додека пак, Рита, сега Нина, се претворила во одлична главна готвачка. Изминатите години не ја излекувале од длабоката рана која и ја нанела Кармиња. Рита се враќа во Бразил, за да се одмазди. И така, Нина започнува со работа како слугинка во домот на бившата маќеа, која не ја препознава. Малку по малку, таа започнува да го руши животот на својата газдарица.

 

 

 

 

 | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!