Почетна / Забава / Премиера | Новиот спот на Бритни и Вил Ај Ем

Премиера | Новиот спот на Бритни и Вил Ај Ем

 

Синоќа, во текот на настапот на осумте финалисти на американскиот „X Factor“ премиерно беше емитувана првата минута од спотот на судијата на споменатото талент шоу, Бритни Спирс, која песната Scream and Shout ја испеа во дует со Вил Ај Ем.

 

 

По завршувањето на синоќешната епизода на „X Factor“, видеото е поставено на видео сервисот Јутјуб. Соработката меѓу двајцата музичари не е некое големо изненадување, со оглед на тоа дека Вил Ај Ем и Бритни Спирс приватно се дружат. Таа дури го повика него во шоуто кога доби задача да им биде ментор на натпреварувачите од категоријата тинејџери, па заедно одбраа 4 од 6 тинејџери кои се пласираа во Топ 12 на овој натпревар.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виолин фест 2026 – свечен концерт на 12 јуни во Филхармонија

По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолин фест 2026 ќе биде заокружен со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!