Почетна / Телевизија / Најгледаната цртана серија „Маша и Медо“ конечно и во Македонија

Најгледаната цртана серија „Маша и Медо“ конечно и во Македонија

 

Наскоро на Сител телевизија уште едно изненадување за најмладата публика. Приказната за Маша и Медо која го привлече вниманието на многумина наскоро ќе биде дел и од нашата програма.

Маша и Медо се херои на Рускиот фолклор, најпрво познати за децата во Русија, а потоа миленици на сите љубители на добрите анимирани приказни. Разликата меѓу приказните раскажувани од народот и анимираниот филм е тоа што дејствието овде е сместено во модерен свет што на креаторите им даде дополнителни можности за нивните интеракции.

 

 

Маша е мало и многу активно девојче кое не може да седи на едно место ниту една секунда, додека Медо е мечка која го сака удобниот и мирен живот. Кога овие два карактера ќе се спојат на авантурите ќе им нема крај.

Овој цртан филм важи за проект со најмногу прегледи на видео сервисот YouTube. Сите епизоди заедно бројат над милијарда и двесте прегледи, а секоја епизода посебно е гледана над четиристотини милиони пати.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!