Почетна / Забава / Кој Македонец ќе копа во „Фарма“?

Кој Македонец ќе копа во „Фарма“?

 

Маја Вукичевиќ, Благица Павловска, Карло Бос и Бојан 13 се имињата за кои се шпекулира дека ќе бидат дел од новата сезона на реалното шоу „Фарма“ кое стартува веќе од недела, пишува Вечер.

 

 

Преговорите за влегувањето во шоуто се уште се во тек, а наградата од 50.000 евра е доволна мотивација за Маја, Благица, Карло и Боки да ја прифатат понудата која, наводно, им ја нудат челниците од Пинк телевизија.

„Нема вистина во тоа, не сум во никакви преговори“, изјавила Маја Вукичевиќ, иако пред само неколку дена на пријателите им се пофалила дека има понуда за влегување во шоуто, а која воопшто не била за потценување.

Порно актерот Карло Бос, пак, објави на својот Фејсбук профил дека преговорите за престој на имотот во Лисовиќи се во тек. „Секој си има своја цена за влез во Фарма, мојата е 1000 евра во старт за влез и за секој минат ден внатре по 200 евра… тоа е мојата цена и не отстапувам од неа ни овој пат!!! Крај“, стои во статусот на кумановецот за кој се шпекулираше дека и минатата сезона ќе влезе, но не се случи такво нешто.

Како можни имиња за учество во шоуто низ јавноста се споменуваат и оние на фолкерката Благица Павловска и Боки 13, кој веќе има искуство во реални шоуа. Кој ќе биде нашиот претставник и дали македонската нација ќе биде достојно претставена ќе дознаеме во недела кога стартува „Фарма“. Сузана Манчиќ, Зорица Брунцлик, Никола Жигиќ, Ава Карабатиќ и Екрем Јевриќ се само дел од имињата чие учество во шоуто веќе го потврди розовата телевизија. Во Македонија ова шоу ќе се емитува на Алфа телевизија. 

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартин 99: Пред да се оженам еден телефон швалерски, друг за работа

Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана”, девојките седнаа со Мартин Трпчевски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!