Почетна / Забава / Изненадувања и подароци за посетителите на фестивалот Пиво Фест

Изненадувања и подароци за посетителите на фестивалот Пиво Фест

 

Долгогодишната маскота на фестивалот Пиво Фест ќе добие нов сопственик. Имено, организаторите подготвија изненадување за сите љубители на пивото и добрата музика, па така од вчеравечер сите оние што прават селфи фотографии на местото на настанот и истите ги испраќаат во инбокс на Фејсбук групата на Пиво Фест се потенцијални добитници на големиот мајмун. Како што најави водителката Марјана Станојковска, ова е само едно од изненадувањата кои организаторите ги подготвија за посетителите. Претходно, момци од публиката избрани по случаен избор се натпреваруваа на сцената во пиење пиво, добитникот доби пиво за целото друштво.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Публиката избра, жирито одлучи – ова се победниците на „Охрид фест 2026“

Со две незаборавни фестивалски вечери исполнети со музика, емоции и илјадници аплаузи, спуштена е завесата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!