Почетна / Филм / Вупи Голдберг и Опра Винфри во „Бојата на пурпурот“ петочки на МРТ

Вупи Голдберг и Опра Винфри во „Бојата на пурпурот“ петочки на МРТ

Добитничката на Оскар, Вупи Голдберг, Дени Гловер и Опра Винфри во извонредниот филм „Бојата на пурпурот“, работен според романот на Алис Вокер, чие дејство се одвива во периодот помеѓу 1909-1949. Петок, 4 ноември, МРТ 1, 23 часот.

Сели (Вупи Голдберг) е млада Афроамериканка која му е продадена како слугинка на својот насилен сопруг Алберт (Дени Гловер). Преку писмата кои ѝ ги пишува на својата сестра Нети, Сели ѝ ги доловува своите најинтимни мисли, но Алберт ги крие писмата кои нејзината сестра ѝ ги враќа, уверувајќи ја на тој начин дека сестра ѝ е мртва.

Низ годините кои минуваат, Сели постепено го пронаоѓа патот до својата самодоверба, се бори за своето образование и се труди да пронајде љубов, и покрај насилниот сопруг и општеството кое ја дискриминира заради расната припадност и полот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!