Почетна / Телевизија / Ушите на гледачите страдаат од тонецот на МРТ!

Ушите на гледачите страдаат од тонецот на МРТ!

 

Благ шок вечерва преживеаја моите уши додека ја гледав серијата „Gossip Girl“ на МРТ1. За да ја ублажам болката, немилата случка ја споделувам со моите драги читатели, меѓукои и самите МРТ.

Навистина не знам како функционира режијата во јавниот сервис, но таму дефинитивно нешто не е во ред. Јачината на звукот на сериите и на останатите програмски содржини, никогаш не се совпаѓа со онаа на џингловите и на рекламите. Па така гледачот добива уплав кога ќе дојде време за маркетинг.

Овој проблем го пријавија повеќе гледачи. Во нивно име го замолувам јавниот сервис да обрне внимание на тоа како режијата си ја врши својата работа, бидејќи гледачот сигурно не се чувствува удобно кога наместо релаксирано да ја гледа омилената серија, тој изигрува тонец со својот далечински управувач. Секој нека си ја врши својата работа!

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!